Денковски повикан во младата репрезентација на Македонија

Голманот на Брегалница, Давид Денковски е повикан во младата репрезентација на Македонија за настап на меѓународниот турнир во Анталија, Турција, кој ќе се одржи од 22. до 29. март.

Селекторот Благоја Милевски го повика, како прв голман, чуварот на мрежата на „сините“ за престојниот репрезентативен собир.

Македонија, подготвувајќи се за новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2022, во Анталија на турнирот ќе одигра три пријателски натпревари, против Казахстан (24. март), Словачка (27. март) и Бугарија (29. март).