Одличен викенд за пионерско-младинските категории во Суперлигата: Две победи и две ремија со Македонија ЃП

Одличен викенд коло за пионерско-младинските категории на Брегалница во Суперлигите на Македонија, со освоени вкупно 8 бода од пресметките со Македонија ЃП.

Младинскиот состав на „сините“ одигра без победник (2-2) со Македонија ЃП со головите на Љупче Кудев и Леон Цуцковски, како и кадетите кои со идентични 2-2 го завршија дуелот против врсниците од Скопје. Стрелци за кадетите беа Митев и Георгиев.

Во пионерска конкуренција, триумф на Брегалница од 1-0 со голот на Иса Дурмишов.

Помладите пионери, пак, запишаа убедлива победа од 6-1. Стрелци на головите беа Еди Мандак, кој во два наврати се запиша во листата на стрелците, како и Марио Аџиев, Петар Колев, Душан Пачемски и Дино Михаилов.

Во следното коло, веќе во среда, пионерско-младинските категории ќе се сретнат со екипите на Ренова.