Судиска тројка од Тетово ќе ја дели правдата против Каменица Саса

Александар Урошевиќ од Тетово ќе биде главен делител на правдата на натпреварот меѓу Брегалница и Каменица Саса кој утре од 15 часот се игра на Градскиот стадион во Штип во рамките на 19. коло од Втората лига - Исток.

На Урошевиќ ќе му помагаат сограѓаните Александар Ѓорѓески и Хабиљ Љиворека, а четврти судија ќе биде Пларент Салихи, исто така од Тетово. Делегат на дуелот ќе биде Жанко Савов од Скопје, а контролор - Бранко Величковски од Крива Паланка.