Хет-трик на Наумов, „петарда“ од Брегалница за Росоман

Фудбалерите на Брегалница без апсолутно никаков проблем дојдоа до убедлива победа од 1-4 (0-3) на гостувањето против Росоман во 18. коло од Втората лига - Исток.

Триумфот беше најавен уште во првите 15 минути од средбата по фуриозниот почеток на избраниците на Марјан Секуловски. Најпрво Кристијан Ацковски во 9. минута донесе водство од 0-1, а потоа капитенот Ристе Наумов со два гола во 12. минута и во 14. минута зголеми на 0-3.

Се понатаму на натпреварот беше само рутина. Мирно, тактички сигурно, „сините“ ја одржуваа предноста. Домашните со голот на Бојан Малинов во 65. минута намалија на 1-3, но веќе во 72. минута Ристе Наумов со хет-трик зголеми на 1-4.

За да се заокружи со „петарда“ во мрежата на Росоман се погрижи Михаил Маневски со погодокот во 89. минута од средбата.



ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (18. КОЛО)
РОСОМАН - БРЕГАЛНИЦА 1-5 (0-3)

Стадион на АСМ во Росоман. Натпревар без публика. Стрелци: Малинов 65' (Р) - Ацковски 9', Наумов 12', 14', 72', Маневски 89' (Б).

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (18. КОЛО)
Росоман - Брегалница 1-5
Кит Го - Кожуф 3-0
Плачковица - Осогово 0-1
Каменица Саса - Тиквеш 1-2
Победа - Слога Виница 1-1