Мартин Стојанов: Максимално сериозно на секој натпревар, со тимска игра до победа и во Росоман

Брегалница денеска од 14 часот во 18. коло од Втората лига - Исток ја очекува гостувањето против Росоман.

По триумфот над Победа, еден од најдобрите фудбалери на Брегалница, Мартин Стојанов вели дека тимот мора да продолжи во засилен ритам, со максимално сериозен пристап на секој натпревар како би се стигнало до посакуваната цел.

„По добрите подготовки и победата во првото пролетно коло во Штип против прилепска Победа, сега не очекува гостување во Росоман, екипа која максимално ја респектираме. Јасно е дека не смее да има опуштање за ниту еден натпревар и пред било кој противник. Мора да продолжиме со тимска игра затоа што тоа е начинот и да се дојде до посакуваните победи преку кои и остварување на целите за влез во Првата лига“ - вели Стојанов.

Дејан Младеновски од Скопје ќе биде главен делител на правдата на натпреварот а ќе му помагаат сограѓаните Милош Милошевиќ и Горан Милошевски. Четврти судија ќе биде Александар Василевски, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот е Тони Николовски од Скопје, а контролор - Кире Ќулумовски од Ресен.