Без победник на тестот со струмичка Беласица (ФОТО)

Натпревар без победник на Брегалница против струмичкиот прволигаш Беласица на тест дуелот кој се одигра на стадионот во Нов Дојран.

Избраниците на Марјан Секуловски одиграа 1-1 со струмичани во максимално израмнет натпревар во кој и двете екипи имаа свои можности и за победа.

Брегалница прва дојде до погодок на мечот. Во 37. минута по еден брз контранапад, капитенот Ристе Наумов во извонреден продор изби сам пред голот на Беласица, но беше соборен од Христијан Чукарски што за главниот судија, без размислување, значеше удар од белата точка и црвен картон за дефанзивецот на струмичани. Пеналот во 39. минута успешно го реализираше Мартин Стојанов за водство од 1-0 на „сините“. Сепак, многу врзо, веќе во 42. минута Беласица успеа да го израмни резултатот.

Во второто полувреме главно тактичко надмудрување на средината од теренот, за на крај без дополнителен погодок во двете мрежи.


„Сините“ на дуелот против струмичани настапи во следниот состав: Петревски, Ѓорѓиевски, Манов, Митрев, Николовски, Бакрачески, Османоски, Муарем, Додев, Наумов, М. Стојанов.