Секуловски прозиваше: Стартувани зимските подготовки (ФОТО)

Шефот на стручниот штаб, Марјан Секуловски денеска реализирајќи ја првата прозивка означи и официјален старт на подготовките на Брегалница за пролетниот дел од сезоната во Втората лига - Исток.

Во однос на есенскиот дел, единствено е прекинат договорот со Сашо Шоповски, додека сите останатите фудбалери се на располагање на стручниот штаб.


Утврден е планот и за подготовките на тимот се до стартот на вториот дел од шампионатот закажан за 27. февруари. Првата фаза од подготовките фудбалерите на Брегалница ќе ја одработат во Штип, а од 3. до 14. февруари ќе бидат финалните подготовки во Дојран.

Веќе се договорени шест пријателски средби. Се почнува на 23. јануари со дуелот против Кит Го, потоа на 30. јануари е пресметката со Осогово, на 3. февруари дуелот со Борец, на 6. февруари против Беласица, за 13. февруари пресметката со Кожуф, а генералката ќе биде на 20. февруари против лидерот во Втората лига - Запад, екипата на Скопје.



Првиот натпревар од пролетната сезона во Втората лига - Исток, Брегалница го игра на 27. февруари против прилепска Победа на домашен терен.