Додев со два гола донесе победа против Кит Го

Брегалница сосема заслужено дојде до нова победа во Втората лига - Исток, овој пат славејќи со 2-0 против Кит Го на домашен терен во 15. коло. Херој за победата на „сините“ беше Дарко Додев кој ги постигна двата погодоци.

Брегалница дојде до водство уште во првиот посериозен напад во 3. минута. Од левата страна одлично нафрли Николовски, а Додев на 12 метри мајсторски со волеј-удар прецизно стрела во долениот лев агол од голот на Кит Го.

Веќе во 5. минута Бошко Ступиќ имаше одлично можност за израмнување, но неуспешно. Сепак, низ продолжението од првиот дел целосна контрола на играта на „сините“. Откако Ацковски не искористи шанса за зголемување на предноста, тоа му успеа на Дарко Додев во 39. минута за 2-0.

Во второто полувреме, без многу возбудувања, Брегалница само рутински ја одржуваше предноста за заслужени нови три бода во првенството. Со оваа победа „сините“ си ја осигураа есенската титула во второлигашката конкуренција.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (15. коло)
БРЕГАЛНИЦА - КИТ ГО 2-0 (2-0)

Градски стадион во Штип. Натпревар без публика. Стрелец: Дарко Додев 3', 39' (Б)


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (15. коло)
Брегалница - Кит Го 2-0
Тиквеш - Слога Виница 4-2
Осогово - Победа 2-0
Кожуф - Росоман 3-2
Плачковица - Каменица Саса 1-1