Иванов од Велес ќе ја дели правдата на мечот во Кочани

Игор Иванов од Велес ќе биде главен судија на натпреварот од 13. коло во Втората лига - Исток меѓу Осогово и Брегалница кој се игра утре (25. ноември) со почеток од 13 часот во Кочани.

На Иванов ќе му помагаат сограѓаните Петар Новачев и Роберт Црвенов. Четврти судија ќе биде Никола Иванов, исто така од Велес, а делегат - Мерсим Зендели од Гостивар. Контролор на натпреварот ќе биде Ванчо Костенчев од Скопје.