Младинците и кадетите на Брегалница подобри од Пелистер

Пионерско-младинските категории на Брегалница запишаа две победи и два порази во пресметките со Пелистер во изминатата рунда натпревари од шампионатите на Македонија.

Младинците триумфираа со 2-1 против Пелистер со головите на Златко Стојанов и Октај Амедов, додека кадетите во Штип победија убедливо со 3-0. Два гола постигна Бране Ангелов а еден Јован Дојчинов.

Во пионерска конкуренција и кај помладите пионери, „сините“ загубија на натпреварите во Битола, идентично со 1-0.

Во следното коло од најсилните младински лиги, пионерско-младинските категории ќе играат против соодветните екипи на Вардар.