Убедлива игра и победа на дербито против Кожуф

Онака и како што најавуваа пред натпреварот, фудбалерите на Брегалница дојдоа до победа во дерби пресметката од 12. коло во Втората лига - Исток. „Сините“ славеа со убедливи 3-0 против Кожуф за задржување на лидерската позиција на табелата.

Се на натпреварот беше решено во првото полувреме кога беа постигнати трите погодоци. Најпрво Андреј Кудијан во 22. минута донесе предност од 1-0. Доминацијата продолжи и низ следните минути па Кудијан во 43. минута и со својот втор гол ја дуплира предноста.

Непосредно пред полувремето и Љупче Кудев се запиша во листата на стрелците за 3-0.

Во второто полувреме, составот на Марјан Секуловски само рутински ја одржуваше предноста за повеќе од заслужена конечна победа.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (12. коло)
БРЕГАЛНИЦА - Кожуф 3-0 (3-0)
Градски стадион во Штип. Натпревар без публика. Стрелци: Кудијан 22', 43', Кудев 45' (Б).