Ѓорѓиевски: Имаме идеја, имаме план како до бодовите на дербито против Кожуф

Брегалница денеска од 13 часот на Градскиот стадион во Штип во 12. коло од Втората лига - Исток ја очекува дерби пресметката против гевгелиски Кожуф.

Јасно е дека за избраниците на Марјан Секуловски единствена опција е победата на која ќе се атакува, иако максимално се почитува противникот од спротивната страна.

„Како и на сите досегашни натпревари и на дербито против Кожуф пристапуваме максимално сериозно. Концентрираме и мотивирани да дојдеме до посакуваната победа. Силно го респектираме противникот, меѓутоа имаме идеја, имаме план како да дојдеме до трите бода кои секако се наша единствена цел“ - вели крилниот дефанзивец на „сините“, Бојан Ѓорѓиевски.

Дејан Младеновски од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот, а ќе му помагаат Билјана Миланова и Елена Соклеска Илиевски, исто така од Скопје. Никола Русевски ќе биде четврти судија, а делегат - Марјан Пишмановски од Битола. Контролор на средбата ќе биде Слободан Стојсављевиќ од Прилеп.