Младеновски од Скопје главен судија на дербито против Кожуф

Дејан Младеновски од Скопје ќе биде главен судија на дерби натпреварот од 12. коло во Втората лига - Исток меѓу Брегалница и гевгелиски Кожуф кој се игра во сабота (21. ноември) од 13 часот на Градскиот стадион во Штип.

На Младеновски ќе му помагаат Билјана Миланова и Елена Соклеска Илиевски, исто така од Скопје. Никола Русевски ќе биде четврти судија, а делегати - Марјан Пишмановски од Битола. Контролор на средбата ќе биде Слободан Стојсављевиќ од Прилеп.