Стојанов и Ацковски дел од победата на младата репрезентација против Црна Гора (ФОТО)

Фудбалерите на Брегалница, Кристијан Ацковски и Мартин Стојанов беа дел од победата на младата репрезентација на Македонија против Црна Гора од 2-1 во последното коло од квалификациите за пласман на ЕП.

Ацковски го стартуваше натпреварот во составот на Благоја Милевски, а Мартин Стојанов дебитираше во националниот дрес со влегување во игра во 55. минута, запишувајќи повеќе од квалитетни минути во репрезентацијата.


На клупата за резервни фудбалери остана и голманот Давид Денковски, кој низ текот на целиот циклус има стандарден повик во репрезентацијата.



Македонија на крајот го освои второто место во групата со пет победи, три ремија и два порази, и 18 бода, веднаш зад повеќекратниот европски и светски шампион Шпанија.