Деби со победа за Секуловски на клупата на Брегалница

Брегалница е осамен лидер во Втората лига - Исток откако триумфираше со 1-3 во 11. коло на гостувањето против Плачковица. Новиот шеф на стручниот штаб Марјан Секуловски на тој начин стартуваше со триумфално деби на клупата на „сините“.

Брегалница многу рано ја заврши целата работа на натпреварот фуриозно стартувајќи го мечот со два брзи гола. Со голот на Мартин Стојанов од пенал во 12. минута поведовме со 1-0, а само пет минути потоа во 17. минута и капитенот Ристе Наумов стрелаше за 2-0.

Во второто полувреме Плачковица го намали резултатот со прекрасен гол, со шут од околу 20 метри, на Јанкуловски во 63. минута. Меѓутоа доминацијата на „сините“ продолжи до крајот на натпревар па во 86. минута следеше нов гол на Мартин Стојанов, повторно од пенал, за конечни 1-3.

На врвот од табелата Брегалница сега е осамена со 29 бода, два повеќе од второпласираниот Тиквеш кој ремизираше (1-1) на гостувањето против Кожуф во Гевгелија.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (11. коло)
Плачковица - БРЕГАЛНИЦА 1-3 (0-2)

Градски стадион во Радовиш. Натпревар без публика. Стрелци: М. Стојанов 12'(п), 86'(п), Наумов 17' (Б) - Јанкуловски 63' (П).


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (11. коло)
Осогово - Кит Го 1-0
Кожуф - Тиквеш 1-1
Плачковица - БРЕГАЛНИЦА 1-3
Каменица Саса - Слога Виница 2-0
Росоман - Победа 1-2