Стојчевски од Скопје главен судија на утрешниот натпревар со Плачковица во Радовиш

Игор Стојчевски од Скопје ќе биде главен судија на утрешниот натпревар од 11. коло во Втората лига - Исток меѓу Плачковица и Брегалница кој се игра од 13 часот во Радовиш.

На Стојчевски ќе му помагаа сограѓаните Дејан Димитријевиќ и Бранко Путилин, а четврти судија ќе биде Кристијан Ѓуровски од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Ибрахим Илази од Тетово а контролор - Душко Милошевски од Скопје.