„Сините“ до лесна победа против Каменица Саса

Фудбалерите на Брегалница одиграа повеќе од квалитетен натпревар во 10. коло од Втората лига - Исток за убедлива победа од 3-0 против Каменица Саса на Градскиот стадион во Штип.

Доминантната игра на „сините“ уште од самиот почеток на мечот резултираше со погодокот на Дарко Додев уште во 17. минута од средбата. Само пет минути подоцна веќе беше и до 2-0 со голот на капитенот Ристе Наумов.

Во второто полувреме еднаква игра на Брегалница која ја заокружи победата со голот на Наумче Бакрачески во 68. минута за конечни 3-0.

Со најновите три бода, „сините“ сега се осамени лидери на табелата со 26 бода, три повеќе од Тиквеш кој утре го игра својот натпревар од 10. коло во второлигашката конкуренција.



ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (10.коло)
БРЕГАЛНИЦА - Каменица Саса 3-0 (2-0)

Градски стадион во Штип. Натпревар без публика. Стрелци: Додев 17', Наумов 22', Бакрачески 68' (Б).