Додев: Имав лесна повреда но ќе бидам подготвен за мечот со Каменица Саса

По еднонеделната пауза, Брегалница утре од 13:30 часот на Градскиот стадион во Штип ќе се соочи со Каменица Саса во 10. коло од Втората лига - Исток.

„Сините“, иако максимално почитувајќи го противникот, размислуваат само на победа и нови три бода.

„Имав лесна повреда на задната ложа, но ќе бидам подготвен за натпреварот со Каменица Саса. Апсолутно не смееме да го потцениме противникот кој е повеќе од сериозен тим, но ние во насока на остварување на своите цели мора да одиме на победа како и на секој натпревар досега. Брегалница едноставно мора да биде на врвот од табелата, а тоа значи квалитетни изданија на секој натпревар“ - вели Дарко Додев.