Ацковски и Деновски повторно во младата репрезентација за крај на квалификациите за ЕП

Фудбалерите на Брегалница, Кристијан Ацковски и Давид Денковски повторно се најдоа на списокот на селекторот Благоја Милевски за настап во младата репрезентација на Македонија за последните два квалификациски натпревари за пласман на ЕП против Израел на гостински терен и против Црна Гора во Скопје.

Селекторот Милевски стандардно смета на фудбалерот од средниот ред Кристијан Ацковски, како и на голманот Денковски.

Македонија против Израел ќе игра на 12. ноември, а потоа на 17. ноември на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе ја пречека Црна Гора.