Младеновски од Скопје ќе го суди натпреварот со Осогово

Дејан Младеновски од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Брегалница и Осогово од 4. коло во Втората лига - Исток кој утре од 19 часот се игра на Градскиот стадион во Штип.

На Младеновски ќе му помагаат Путилин и Николовски, а четврти судија ќе биде Кристијан Ѓуровски, сите од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Благоја Петров од Велес, а контролор - Зоран Бојанинов од Скопје.