Како резултат на минатогодишниот успех: Брегалница директно во осминафиналето од Купот на Македонија

Брегалница ќе игра директно во осминафиналето од Купот на Македонија како резултат на успесите во минатогодишното издание од најмасовното домашно клупско натпреварување кое не го доживеа својот крај поради пандемијата на коронавирусот.

Четирите полуфиналисти од минатата сезона во Купот на Македонија, Брегалница, Шкендија, Академија Пандев и Струга Трим Лум за новата сезона обезбедија директно место во осминафиналето, па ќе бидат слободни во 1/16-финалето.

Денеска, во просториите на ФФМ, се одржа ждрепка за натпреварите од 1/16-финалето во Купот кои ќе се играат на 23. септември. 
Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21. октомври, а четвртфиналните пресметки на 25. ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7. април, а мечот за трофејот на 19. мај.

Поради пандемијата со Covid-19 ќе има променет формат и сè до финалето ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат директно ќе се изведуваат пенали.

КУП НА МАКЕДОНИЈА (1/16-ФИНАЛЕ)
Велазерими – Работнички
Слога Виница – Шкупи
Вардар Форино – Вардар Скопје
Охрид – Ренова
Лабуништа Тетекс – Силекс
Кит Го – Скопје
Победа – Македонија ЃП
Љуботен – Пелистер
Каменица Саса – Борец
Гостивар – Тиквеш
Велешта – Кожуф
Росоман – Беласица