Против Плачковица во сабота под рефлектори

Првиот натпревар на домашен терен во новата сезона од Втората лига - Исток фудбалерите на Брегалница ќе го играат во сабота (29. август) во вечерен термин од 19 часот на Градскиот стадион во Штип.

За разлика од останатите натпревари од 2. коло кои се играат во недела (30. август), „сините“ против Плачковица ќе играат во сабота како би се излегло во пресрет на младите македонски репрезентативни селекции.

„Бидејќи Брегалница има неколку млади фудбалери кои веќе од недела треба да бидат на собирите на младите национални селекции натпреварот со Плачковица во Штип ќе игра во сабота под рефлектори“ - информира извршниот директор на Брегалница, Емил Тодев.

Во 1. коло од шампионатот составот на Добринко Илиевски триумфираше со 0-1 на гостувањето против Каменица Саса.