Победнички старт на сезоната: Мартин Стојанов донесе победа против Саса во Македонска Каменица (ФОТО)

Фудбалерите на Брегалница победнички го почнаа новиот шампионат во Втората лига - Исток сосема заслужено славејќи со 0-1 на секогаш повеќе од тешкото гостување против Саса во Македонска каменица. Стрелец на единствениот гол беше Мартин Стојанов.

Натпреварот почна со тотална доминација на „сините“. Во 7. минута очигледна игра со рака од домашниот дефанзивец Крстов, но за судијата нема пенал.

Во продолжението неколку убави акција на Брегалница останаа без реализација. Домашните единствената вистинска шанса ја имаа во 41. минута кога Никола Божинов се најде во убава можност , шутираше од 12 метри но Петровски одбрани на самата гол линија.

И конечно, доминацијата на Брегалница резултираше во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме. Мартин Стојанов постигна прекрасен погодок со волеј-удар прецизно стрелајќи од работ на шеснаесетникот во долниот десен агол од голот на Каменица Саса.

Во второто полувреме повторно целосна контрола на играта на штипскиот состав. Во 54. минута поништен сосема регуларен погодок на Брегалница. Анџело Николовски прекрасно нафрли од левата страна, а на вториот дирек Мартин Стојанов со глава ефектно погодува под гредата од голот на Саса. Но, зачудувачки голот поништен поради наводен офсајд, иако Стојанов беше далеку од офсајд позиција.



Во продолжението, до крајот на натпреварот, уште неколку одлични можности и за поубедлив триумф но останаа нереализирани за на крајот сосема заслужено освоени три бода.



ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (1. КОЛО)
Каменица Саса - БРЕГАЛНИЦА 0-1

Градски стадион во Македонска Каменица. Натпревар без публика: Стрелец: М. Стојанов 45'+2 (Б).


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (1. КОЛО)
Каменица Саса - БРЕГАЛНИЦА 0-1
Плачковица - Тиквеш 0-1
Победа - Кит Го 4-1
Кожуф - Осогово 2-0
Росоман - Слога Виница 2-1