Финални подготовки за утрешниот дуел против Саса... (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Брегалница во Штип ги реализираат финалните подготовки за стартот на новата сезона во Втората лига - Исток.

„Сините“ максимално активно деновиве преку тренажниот процес се подготвуваат за првата пресметка, утре од 17 часот на гостински терен против Саса во Македонска Каменица.

Никола Костенчев од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот а ќе му помагаат сограѓаните Милошевски и Петров. Четврти судија ќе биде Кристијан Ѓуровски, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Мишел Истатов од Дојран, а контролор - Зоранчо Илиевски од Битола.

Галерија