КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД ПРВИТЕ ДВА КРУГА ЗА СЕЗОНА 2020/21

Денеска во просториите на ФФМ беше реализирана ждрепката за календарот на натпревари во Втората лига - Исток за сезоната 2020/21.

Брегалница натпреварувањето го почнува со гостувањето на екипата на Каменица Саса на 22. август. Првиот домашен дуел, пак, ќе биде против Плачковица на 30. август со почеток од 16:30 часот. Дерби дуелот со Тиквеш се игра на 26. септември на гостински терен.

Во последниот натпревар од оваа календарска година, „сините“ на 12. декември ќе гостуваат на Слога во Виница, додека вториот круг натпревари ќе биде заокружен со 18. коло на 6. март следната година и дуелот против Росоман на гости.

КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД...