Илиевски: Задоволство од подготовките во Пехчево, следува фазата за темпирање на формата низ тест дуели

Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Добринко Илиевски е максимално задоволен од првата фаза на подготовките на тимот за новата натпреварувачка сезона.

По еднонеделните подготовки во Пехчево, тимот од вчера е во Штип каде ќе се продолжи со тактичко-техничките подготовки пред одигрувањето и на контролните натпревари.

„Успешно ја минавме првата фаза од подготовките во Пехчево каде имавме одлични услови за работа. Задоволен сум од текот на подготовките. Јасно е дека ќе се оди чекор по чекор кон темпирањето на формата за стартот на новата сезона, но очигледна е од почетокот желбата кај фудбалерите за максимален ангажман“ - вели Илиевски.

Формата ќе се темпира и преку неколку пријателски натпревари наредниот период. Беласица, Шкендија и Гостивар ќе бидат противниците на составот на Добринко Илиевски пред стартот на новата сезона во Втората лига - Исток