Триумфално и на гостувањето во Прилеп: Победа од 0-2!

Фудбалерите на Брегалница дојдоа и до втората победа пролетва, активно продолжувајќи ја битката за првата позиција во Втората лига - Исток, славејќи во 16. коло со 0-2 на гостувањето против Победа во Прилеп.

Уште од самиот почеток беше јасно дека „сините“ безусловно тргнуваат на трите бода, па по неколкуте убави шанси погодокот следеше во 25. минута кога Пепи Ѓоргиев прецизено стрелаше за водство од 0-1.

Во второто полувреме иста слика на теренот. Избраниците на Добринко Илиевски комплетно ја контролираат играта, па во 70. минута со голот на Дарко Додев, Брегалница веќе и води со 0-2.

До крајот само рутински се одржуваше предноста за конечна победа и нови три бода, кои и тоа како значат во трката за лидерското место.

ПОБЕДА - БРЕГАЛНИЦА 0-2 (0-1)
Игралиште на Могила во Прилеп. Стрелци: П. Ѓоргиев 25'(п), Додев 70' (Б).




ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (16. коло, 14 ч.)
Беласица - Питу Гули 2-0
Кит Го - Тиквеш 1-1
Победа - БРЕГАЛНИЦА 0-2
Кожуф - Осогово 1-0
Каменица Саса - Плачковица 3-0