Костенчев од Скопје ќе ја дели правдата на мечот со Победа

Никола Костенчев од Скопје ќе биде главен делител на правдата на натпреварот меѓу Победа и Брегалница кој се игра утре со почеток од 14 часот на игралиштето Могила во Прилеп.

На Костенчев ќе му помагаат сограѓаните Ицковски и Петров, а четврти судија е Бесар Абдули, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот е Зоран Јовановиќ од Валандово.

По денешниот утрински тренинг во Штип, фудбалерите на Брегалница попладнево заминуваат за Прилеп каде ќе бидат во карантин пред утрешниот натпревар.