Одработен последниот тренинг во Штип, од вечерва во карантин во Струга (ФОТО)

Фудбалерите на Брегалница денеска на Градскиот стадион во Штип го одработија и последниот тренинг пред заминувањето за Струга каде утре од 14 часот ги очекува реванш-пресметката од четвртфиналето во Купот на Македонија против Лабуништа.

Комплетната експедиција на „сините“ по тренингот се упати за Струга каде ќе биде во карантин пред утрешниот четврфинален натпревар.



Стојанче Трпчевски од Кавадарци ќе биде главен судија на утрешниот натпревар, а ќе му помагаат Илија Гонев од Неготино и Драган Трпчевски од Кавадарци. Четврти судија ќе биде Игор Иванов од Велес. Делегат на натпреварот ќе биде Славчо Ѓорѓиоски од Прилеп а контролор - Марјан Ристески од Кичево.

Натпреварот, согласно препораката од Владата за превенција поради коронавирусот, повторно ќе се игра без присуство на публика.



По првиот натпревар Брегалница има предност од 1-0. Стрелец на победничкиот гол за „сините“ на дуелот во Штип беше Мартин Стојанов.