Продолжија подготовките по враќањето од Анталија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Брегалница, по враќањето од Анталија, денеска на игралиштето во Бело брдо продолжија со подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората лига - Исток.

„Сините“ остатокот од подготовките ќе го одработат во Штип. За сабота (22. февруари) планирана е и генералниот тест пред продолжението од шампионатот против Каменица Саса. Пријателскиот натпревар ќе се одигра во Штип со почеток од 14 часот.

Во првото пролетно коло, на 29. февруари, Брегалница во Штип го пречекува тимот на Кит Го.

Галерија