Подготовките низ малку статистика: Четири победи, две ремија... десет постигнати голови

По враќањето од Анталија, фудбалерите на Брегалница од утре во својата база во Штип ги продолжуваат подготовките за стартот на пролетниот дел од сезоната. 

Низ досегашниот тек од зимските подготовки „сините“ одиграа шест пријателски натпревари, притоа со четири победи и две ремија, и вкупна гол разлика од 10-3. Статистички погледнато, стрелец број еден во подготвителниот циклус е Пепи Ѓорѓиев со четири погодоци, од кои два од пенал, два гола запиша Ристе Наумов, а по еден Мартин Стојанов, Јован Манев, Иван Настевски како и засилувањето Михаил Маневски.



Шефот на стручниот штаб Добринко Илиевски може да биде задоволен и од одбраната која има само три погодоци од шест натпревари, за што секако треба да се издвојат голманите Давор Талески и Мартин Давков. Талески, од индивидуалните статистички показатели, од дуелите во Анталија зад своето име и два одбранети пенали.



СИТЕ ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ НА БРЕГАЛНИЦА
Борец - БРЕГАЛНИЦА 1-1
Стрелец: Маневски
Пелистер - БРЕГАЛНИЦА 0-2
Стрелци: М. Стојанов, П. Ѓорѓиев (п)

АНТАЛИЈА
БРЕГАЛНИЦА - Шахтјор Доњецк У21 (Укр) 3-1
Стрелци: П. Ѓорѓиев, Наумов (2)
БРЕГАЛНИЦА - Аргес (Ром) 1-0
Стрелец: Настевски
БРЕГАЛНИЦА - Насаф (Узб) 1-1
Стрелец: П. Ѓорѓиев (п)
БРЕГАЛНИЦА - Кизилжар (Кзх) 2-0
Стрелци: Манев, П. Ѓорѓиев