Реми со узбекистански Насаф на третиот тест во Анталија (ФОТО)

По двете претходно победи, Брегалница ремизираше (1-1) со еден од најдобрите узбекистански клубови Насаф во третиот пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија.

Во одлична фудбалска претстава на спортскиот комплекс „Фанатик“ во Белек, двата тима имаа бројни шанси и за триумф, но на крај останаа на по еден погодок.




Насаф прв дојде до водство со гол во 15. минута од средбата, а по одличната игра во вториот дел Брегалница израмни со голот од пенал на Пепи Ѓорѓиев во 53. минута од натпреварот.

„Сините“ на дуелот уште еднаш ги потврдија сите свои квалитети доминирајќи во поголемиот дел од мечот против клубот кој е со милионски буџет, еден од најдобрите во шампионатот на Узбекистан.




Брегалница на дуелот против Насаф настапи во следниот состав: Далевски, Стошиќ, Д. Стојанов, Манев, Маневски, Бакрачески, Наумоски, Миленковски, М. Стојанов, П. Ѓорѓиев, Наумов. Уште играа: Рунтев, Ацковски, Кудев, Стојчевски, Мирчевски.