Мајсторија на Настевски, Брегалница го победи и романски Аргес!

Продолжуваат одличните игри на Брегалница во подготвителниот период. „Сините“ триумфираа со 1-0 (0-0) и на вториот тест дуел во Анталија, овој пат против романскиот второлигаш Аргес.

На теренот на спортскиот комплекс „Фанатик“ во Белек, „сините“ беа далеку подобри од една од најдобрите екипи во Втората лига на Романија, триумфирајќи со погодокот на Иван Настевски во 57. минута од средбата. Настевски постигна извонреден гол со лоб-удар совладувајќи го противничкиот голман.



Брегалница имаше уште неколку можности и за поубедлива победа, но на крајот се остана на единствениот гол на Настевски.

Единствен негативен момент од денешниот дуел е незгодната повреда на Анес Османовски, кој заработи повреда на рамото па предвреме мораше да го напушти мечот заминувајќи на итни детални прегледи во клиниката во Анталија.



Шефот на стручниот штаб, Добринко Илиевски натпреварот го почна со следниот состав: Давков, Стошиќ, Д. Стојанов, Стојчески, Миленковски, Бакрачески, Османовски, Ацковски, Мирчески, М. Стојанов и Наумов. Уште играа: Маневски, Наумоски, Рунтев, Настевски, П. Ѓорѓиев, Кудев.