Беспрекорни услови за работа во Анталија: Одлична атмосфера од првиот тренинг (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Од самиот старт со активни тренинзи, техничко-тактичка подготовка под идеални услови за работа мина првиот работен ден на фудбалерите на Брегалница по пристигнувањето во Анталија.

„Имаме одлично сместување и идеални услови за работа на тимот. Хотелскиот комплекс е со терени за тренинг, и посебни терени за одигрување натпревари. Бројни екипи од светот се сместени во овој хотелски комплекс, токму поради бројните фудбалски терени за работа“ - истакна по пристигнувањето Извршниот директор на Брегалница, Емил Тодев.

Првиот подготвителен натпревар на „сините“ во Анталија е во среда (5. февруари) со тимот до 21 година на Шахтјор Доњецк од Украина.

Галерија