„Сините“ отпатуваа за Анталија (ФОТО)

Фудбалерите на Брегалница претпладнево отпатуваа за Анталија каде во следните две недели ќе биде реализирана втората фаза од подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората лига - Исток.

„Сините“ во Анталија ќе одиграат и четири пријателски натпревари, при што веќе договорени се средбите со тимот до 21 година на Шахтјор Доњецк од Украина, рускиот второлигаш Волгар Астрахан како и узбекистанскиот прволигаш Насаф од Карши.



Натпреварите ќе се играат во спортскиот комплекс во Лара Кунду, Анталија.