Маневски: Среќен сум што повторно сум во Брегалница

Најновото засилување на Брегалница, Михаил Маневски денеска го одработи првиот тренинг со „сините“ приклучувајќи се на составот на Добринко Илиевски.

20-годишниот младински репрезентативец на Македонија треба да биде освежување за тимот на левата бековска позиција, дополнително засилувајќи ја конкуренцијата за пролетниот дел од шампионатот. Маневски, како што вели, е среќен повторно се враќа во Брегалница, овој пат во клуб кој веќе значително организациски и кадровски се издвојува на домашната фудбалска сцена.

„Среќен сум што повторно се враќам во, може да кажам, мојата Брегалница. Се враќам во добро позната средина сега со далеку поголеми амбиции и желба за враќање на прволигашките позиции во македонскиот фудбал. Верувам дека ќе може да помогнам на тимот за остварување на целите, и да се оддолжам на фудбалски Штип кој секогаш бил со мене“ - вели Маневски.

Маневски во Брегалница доаѓа од редовите на Академија Пандев каде настапуваше изминатата година.