Пријателски натпревар и со рускиот Волгар во Анталија

Раководството на Брегалница го договори и третиот пријателски натпревар кој „сините“ треба да го одиграат за време на подготовките во турскиот туристички центар Анталија.

Третиот противник на Брегалница во Анталија ќе биде рускиот второлигаш Волгар Астрахан, кој во моментов е на лидерската позиција во рускиот ПФЛ шампионатот - лига Југ.

„Сините“ во Анталија патуваат на 2. февруари, а веќе на 5. февруари ќе го имаат првиот пријателски натпревар против тимот до 21 година на Шахтјор Доњецк од Украина. За терминот на 11. февруари е договорен и тест дуел со узбекистанскиот прволигаш Насаф од Карши.

Натпреварите ќе се играат во спортскиот комплекс во Лара Кунди во Анталија.

Пред заминувањето во Анталија, Брегалница веќе договори пријателски натпревари со Борец во Велес на 23. јануари (13 часот), со Осогово во Кочани на 27. јануари и со Пелистер во Штип на 31. јануари.