Стартувани подготовките за пролетниот дел од сезоната (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Брегалница и официјално ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората лига - Исток.

Шефот на стручниот штаб Добринко Илиевски, по вчерашниот прв собир, денеска на игралиштето во Бело Брдо го одработи првиот зимски тренинг со тимот во чии редови беа и првите две засилувања за продолжението од шампионатот, младинскиот репрезентативец Кристијан Ацковски кој пристигна од Работнички и крилниот офанзивец Дарко Додев кој дојде од Силекс.

Наредниве денови, според програмата на стручниот штаб, ќе се работи со двојни тренинзи, комбинирано на терен и со фитнес активности за физичка подготовка.




Брегалница веќе ги договори и првите две пријателски средби, со Борец во Велес на 23. јануари и со Пелистер во Штип на 31. јануари. На 2. февруари екипата заминува на подготовки во Анталија, Турција, каде до 15. февруари е планирано одигрување и четири пријателски средби.

Генералката пред стартот на пролетната сезона е планирана на 22. февруари против Каменица Саса. Вториот дел од првенството во Втората лига - Исток стартува на 29. февруари со пресметката против Кит Го.

Галерија