Георгиев повикан од Канатларовски за настап во репрезентацијата до 16 години

Еден од најголемите таленти на Брегалница, Матеј Георгиев доби повик од селекторот Драган Канатларовски за репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 16 години.

Георгиев кој игра во средниот ред ќе биде дел од националниот тим на интернационалниот турнир во Кушадаси, Турција.

Македонската репрезентација од 14. јануари до 22. јануари ќе учествува на силниот меѓународен турнир во Кушадаси, во рамките на подготовките за настапот во претквалификациите за пласман на Европското првенство.