Со победа на хуманитарниот меч против прволигашот Борец завршена 2019 година

Фудбалерите на Брегалница со победа ја завршија календарската 2019 година. На пријателскиот натпревар со хуманитарен карактер „сините“ денеска во Велес славеа со 2-4 против прволигашот Борец.

Во натпревар во кој двата тима настапија со комбинирани состави, со голем дел и играчи од младинските категории, Брегалница победи со погодоците на Марио Рунтев, Филип Миленковски, Мартин Стојанов и Пепи Ѓоргиев.

Двете екипи играа за помош на деца болни од церебрална парализа. По овој дуел за избраниците на Добринко Илиевски следи зимската пауза.