Со предност за реваншот во четвртфиналето од Купот: Мартин Стојанов донесе победа против Лабуништа

Брегалница со предност ќе го очекува реванш дуелот од четвртфиналето во Купот на Македонија откако на домашен терен славеше против Лабуништа со 1-0 во првиот натпревар.

„Сините“ сосема заслужено стигнаа до победата која можеше да биде и поубедлива доколку се реализираа бројните можности во второто полувреме во кое Брегалница демонстрираше целосна тактичка доминантност.

По израмнетото прво полувреме без многу изразени шанси и на двете страни, Брегалница веќе на стартот од вториот дел дојде до предност. Во 51. минута извонредна акција по која Мартин Стојанов избива осамен пред противничкиот голман и мајсторски ниско по земја од работ на шеснаесетникот стрела за водство од 1-0..

Во продолжението гостите се обидуваа да дојдат до израмнување, но неуспешно. Фудбалерите на Добринко Илиевски лесно може да дојдат до триумф и од 3-0 во финишот, но Пепи Ѓорѓиев не реализираше од две 100% шанси во 83. и во 87. минута, иако сосема осамен пред голот на Лабуништа.

Реванш четвртфиналниот натпревар во Купот на Македонија се игра на 4. март следната година.

КУП НА МАКЕДОНИЈА - ЧЕТВРТФИНАЛЕ (прв натпревар)
Градски стадион во Штип. Гледачи: 1.000. Стрелец: Мартин Стојанов 51' (Б)


КУП НА МАКЕДОНИЈА - ЧЕТВРТФИНАЛЕ (први натпревари)
БРЕГАЛНИЦА - ЛАБУНИШТА 1-0
ШКЕНДИЈА - РАБОТНИЧКИ 1-1
ШКУПИ - АК. ПАНДЕВ 0-1
СТРУГА ТЛ - РЕНОВА 0-0
* Реванш натпреварите се играат на 4. март 2020