Против Лабуништа во четвртфиналето од Купот за триумфално заокружување на есента (16:30 ч.)

По крајот на есенскиот дел од шампионатот во Втората лига - Исток, за фудбалерите на Брегалница останува уште првата четвртфинална пресметка од Купот на Македонија за заокружување на првиот дел од сезоната 2019/2020.

Денеска од 16:30 часот на Градскиот стадион во Штип „сините“ ја пречекуваат екипата на Лабуништа во желбата за позитивен резултат со кој, секако, би останале повеќе од сериозни амбициите и за пласман во полуфиналето во најмасовното домашно клупско натпреварување.

Максимално позитивено е расположението во таборот на Добринко Илиевски пред дуелот со Лабуништа, пред се и по одличното издание и триумфот од 0-2 во дерби пресметката против Тиквеш во Кавадарци. 

Главен судија на натпреварот ќе биде Благојче Ралевски од Битола, а ќе му помагаат сограѓаните Злате Лозаноски и Николче Дрнковски. Четврти судија ќе биде Влатко Илиоски од Прилеп. Делегат на натпреварот ќе биде Милан Василев од Струмица, а контролор - Марјан Ристески од Кичево.

Реванш натпреварот на гостински терен против Лабуништа во четвртфиналето од Купот на Македонија ќе се игра на 4. март следната година.

КУП НА МАКЕДОНИЈА - ЧЕТВРТФИНАЛЕ (прв натпревар)
ШКЕНДИЈА - РАБОТНИЧКИ
ШКУПИ - АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
СТРУГА ТРИМ ЛУМ -  РЕНОВА
БРЕГАЛНИЦА - ЛАБУНИШТА (16:30 ч.)
* Реванш натпреварите се играат на 4. март 2020