Четвртфиналето од Купот на Македонија против Лабуништа повторно под рефлектори

По триумфот од 0-2 во дерби пресметката против Тиквеш во Кавадарци, фудбалерите на Брегалница веќе во среда (4. декември) ги очекува првиот четвртфинален дуел од Купот на Македонија против Лабуништа. Четвртфиналниот натпревар на Градскиот стадион во Штип повторно ќе се игра под рефлектори со почеток од 16:30 часот.

Главен судија на натпреварот ќе биде Благојче Ралевски од Битола, а ќе му помагаат сограѓаните Злате Лозаноски и Николче Дрнковски. Четврти судија ќе биде Влатко Илиоски од Прилеп. Делегат на натпреварот ќе биде Милан Василев од Струмица, а контролор - Марјан Ристески од Кичево.