Погледнете ги прекрасните погодоци за триумф во дербито со Тиквеш... (ВИДЕО)

Брегалница на прекрасен начин, со убедлива игра и триумф од 0-2, му се реваншираше на Тиквеш во 14. коло од Втората лига - Исток за оној пораз (0-1) во првиот меѓусебен дуел сезонава.

„Сините“ до триумфот дојдоа со два прекрасни погодоци во второто полувреме. Најпрво Пепи Ѓорѓиев ефектно погоди со глава во 48. минута, а на сличен начин погоди и Дарко Стојанов во 62. минута, по асистенции на Филип Миленковски и Мартин Стојанов.

Погледнете ги најинтересните моменти од дерби пресметката во Кавадарци...