Мечот со Каменица Саса од 17 часот, Сејменов од Струмица - главен судија

По паузата поради настапите на националните селекции викендов продолжува шампионатот од Втората лига - Исток. Во 13. коло в сабота (23. ноември) со почеток од 17 часот Брегалница на Градскиот стадион во Штип ја пречекува екипата на Каменица Саса.

Главен судија на натпреварот ќе биде Ристе Сејменов од Струмица а ќе му помагаат Богданчо Георгиев и Јордан Горѓиев од Кочани. Четврти судија на натпреварот ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица, делегат Мујдин Исмаили од Тетово а контролор - Драги Трајковски од Битола.