Без победник (1-1) на пријателскиот натпревар со Пелистер во Битола

Паузата во првенството на Втората лига - Исток шефот на стручниот штаб на Брегалница, Добринко Илиевски ја искористи за тест на дел од фудбалерите кои добиваат помалку можности во шампионатот.



Фудбалерите на Брегалница во комбиниран состав ремизираа (1-1) на пријателскиот натпревар против најдобрата екипа во Втората лига - Запад, Пелистер, кој денеска се одигра Под Тумбе кафе во Битола. Стрелец на единствениот погодок за „сините“ беше токму битолчанецот и поранешен фудбалер на Пелистер, Филип Миленковски.