Пријателски натпревар со Пелистер во Битола

Искористувајќи ја паузата во првенството од Втората лига - Исток поради настапите на националните селекции, стручниот штаб на Брегалница договори тест за фудбалерите против еден од најдобрите тимови од Втората лига - Запад, битолски Пелистер.

Пријателскиот дуел меѓу Брегалница и Пелистер ќе се одигра во сабота (16. ноември) со почеток од 13:30 часот на стадионот Под Тумбе Кафе во Битола.