Со почит за Питу Гули, но со силен мотив за нови три бода

Огромен е мотивот во редовите на Брегалница за нова победа во 12. коло од Втората лига - Исток со која ќе се продолжи битката за врвот од табелата. „Сините“ денеска од 17 часот на својот стадион во Штип го пречекуваат составот на Питу Гули против кој објективно отворено се носи фаворитската улога.

Но, секако, сето тоа ќе треба да се потврди на терен. Максимална почит за противникот, но бодовите едноставно и овој пат треба да останат во Штип, порачуваат од таборот на Добринко Илиевски.

Кристијан Гаревски од Валандово ќе биде главен делител на правдата на натпреварот. 
На Гаревски ќе му помагаат Стојан Костадинов од Струмица и Иван Танев од Гевгелија, а четврти судија ќе биде Доне Ристовски од Гевгелија. Делегат на натпреварот ќе биде Цветко Костовски од Скопје, а контролор - Горанчо Фидановски од Скопје.