Против Лабуништа во четвртфиналето од Купот на Македонија

Денешната ждрепка во просториите на Фудбалската федерација на Македонија одлучи Брегалница да се соочи со второлигашот од западната конкуренција Лабуништа во четвртфиналето од Купот на Македонија.

Првиот четвртфинален натпревар се игра на 4. декември во Штип, а реваншот ќе биде на 4.март следната година на гостински терен.

КУП НА МАКЕДОНИЈА - ЧЕТВРТФИНАЛЕ

БРЕГАЛНИЦА - Лабуништа
Шкупи - Академија Пандев
Шкендија - Работнички
Струга ТЛ - Ренова