Стојчевски од Скопје ќе ја дели правдата на мечот против Осогово

Дарко Стојчевски од Скопје ќе биде главен делител на правдата на натпреварот меѓу Осогово и Брегалница во Кочани кој во рамките на 11. коло од Втората лига - Исток се игра утре (2. ноември) со почеток од 13:30 часот.

На Стојчевски ќе му помагаат сограѓаните Дарко Видиниќ и Милан Петров, а четврти судија ќе биде Дејан Младеновски. Делегат на натпреварот е Коле Митев од Кратово, а контролор - Љубе Ристевски од Демир Хисар.